17. Октомври 2007 г.
Организирано е IV -ти по ред натпревар во монтирање на авто фолии за југоисточниот регион на Европа
Преку представништвата на LLumar за југоисточна Европа на 14 Октомври 2007 год. Организирана е конференција и IV по ред натпреварување во монтирање на авто-фолии за регионот на југоисточна Европа...
 
06. мај 2007 год.
Раководителот на претставништвото LLumar за југоисточна Европа, член е на управниот одбор на EWFA
На 25. април 2007 год. во Палма де Мајорка EWFA одржа вонредно собрание, на кое е одлучено да се прошири управниот одбор. До сега членови на управниот одбор беа исклучиво само производители...
 
22. Септември 2005 год.
Конференција и натпревар во монтирање на авто-фолии за регионот на југо-источна Европа ВЕНЕЦИЈА 2005 год.
Во текот на Септември 2005 г. Во присуство на повеќе од стотина учесници ја организиравме споменатата манифестација.
..

 

 

 

  ФОЛИИ ЗА ЗАТЕМНУВАЊЕ  
 

 

 

 

COMVISTA е совршена комбинација на техника и дизјн, која го неутрализира недостатокот на големите стаклени површини. Осигурува светлосна и топлотна заштита, како и неможност за увид во внатрешноста на просторијата, УВ заштита и термичка изолација. Ако се горештините неподносливи, COMVISTA се грижи за пријатен амбиент во Нашите домови и на работните места. COMVISTA поставува нови мерила по повод заштитата а во врска со влијанието на сончевата енергија. Полиетиленската фолија е производ на Courtlands Performance Films (CPFilms). Преку металниот слој кој се наоѓа на површината на – CV ролната – се обезбедува одговарачка топлотна заштита. Овозможува заштита од сончевите топлотни зраци 60-80% , во зависност од избраниот материјал, а “одбива“ – неутрализира вкупно 70-90 % од вкупната енергија.

CV ролните и тракастите завеси, овозможуваат изедначена собна темперетура и овозможуваат заштеда во врска со греењето или климатизацијата.Спомнатите предности можете да ги искористите во зависност од годишното време. Во текот на летото фолиите го оневозможуваат заслепувачко дејство на сонцето, ама обезбедува светол и свеж внатрешен простор, а зима обезбедува додатна термо-изолација. Специјалните УВ стабилизатори сместени во ролните и тракастите завеси, филтрираат дури 99 % од од штетното дејство на УВ зраците од сончевата енергија . Благодарение на тоа спречуваат предвремено стареење и пропаѓање на намештајот во внатрешноста како и негово избледување. Модерно уредениот канцелариски простор и се поголем број на користењето на компјутери поставуваат нови барања во врска со заштитата од сончевата енергија. Се поважно станува да се елиминира рефлектирачкото дејство од екраните на компјутерите, како и заслепувачкото дејство на светлоста кое создава пречки во работата. CONVISTA ролните и тракасти завеси, покрај висок степен на термоизолација, овозможува и оптимална светлосна заштита, па во зависност од типот на материјалот , обезбедуваат најдобро осветлување во работниот простор, а спрема пропишаните стандарди. (Euronorm 90/270 EWG, DIN 66234/7 ). Ја филтрира светлоста и обезбедува рамномерна осветленост во просторијата. И во услови на јако надворешно дејство на сончевите зраци овозможува нормален поглед од внатрешноста кон надвор.

Ролните се монтираат на внатрешната површина (непосредно позади стаклената површина, со што во просторијата се зголемува корисниот простор, а обезбедува и исти услови и за работните места кои се одалечени од прозорите. Рамките на CV се произведени од ултра лесен алуминиум и можат да се добијат во боја по РАЛ карта. Кутијата за ролните завзема многу мал простор скоро е неприметна и хармонично се вклопува во околината. Монтажата е лесна и без никакви проблеми на сите врсти на прозори.

Веќе со децении успешно применувана техника- систем на ролните и тракасти завеси – CONVISTA , не бара никакво одржување. Заради специјалната површинска обработка на производот истиот не е осетлив на прашина како ни на мали технички повреди. Во случај на потреба без проблем може да се чисти. CV ролните се едноставни за ракување а можат да се порачаат со можност за механичко како и електронско поместување (со далечинско управување, или со сензори сместени од надворешна страна).

Технички податоци:

Тип RS0 RS2B RS10B RS2G RS10G RS10G/G RS2 RS10

Boja *(внатрешна/надворешна )

C/S

B/S

B/S

PS/S

PS/S PS/PS S/S S/S

Потполно пропуштање на сончевата светлина (%)

0,02 3,59 9,97

2,95

10,6 26,67 1,50 18,96
Потполно одбивање на сончевата светлина (%) 83,27 77,94 61,95 78,56 59,70 16,63 81,89 57,48
Пропуштање на видливата светлина (%) 0,02 3,06 8,78 2,42 8,13 12,28 1,66 22,30
Потполно одбивање на сончевата енергија (%) 95,29 91,23 82,71 91,86 82,02 56,28 93,85 74,68
* Објаснување за боите: C - црна, B - бронзена, S - сребрена, PS - плаво-сива

 

Дијаграм за одбивање и пропуштање CV2B – за тракастите завеси

 

 

 

 

|
|