



|
|
Благодарејки на поседувањето на врвна производна технологија и потребното искуство во производството, CPFilms е способен да произведе најквалитетни заштитни фолии во светот. Сигурносните фолии се невидлив заштитен слој на стаклото, кој во случај на незгода ги спречува можните телесни повреди кои би настанале со кршење и распрскување на стаклото, го штити нашиот имот од провални кражби или други насилни дејности, вандализам и сл. LLumar фолиите за рамни стакла може да се монтираат на веќе вградени стакла и прозори, со што обезбедуваат едноставно и економично решение во врска со можните проблеми поврзани со традиционалното стакло.
LLumar сигурносната фолија, прицврстена на внатрешната страна на прозорското стакло, ја зголемува неговата цврстина, а поседува и способност да и скршеното прозорско стакло го држи во едно парче, што може да ни го спаси животот, а исто така не штити и од телесни повреди. Според тоа, овие фолии пружаат сигурност на нашите домови, држејки ги на растојание несаканите посетители и можат да ги намалат евентуалните штети предизвикани од елементарни непогоди. Фолијата го подобрува квалитетот на рамното стакло, а исто така одговара на сите европски и домашни здравствени и безбедносни прописи. Фолијата е во состојба да го држи во едно парче и стаклото кое е напукнато.
Во однос на другите LLumar производи, сигурносните фолии се разликуваат најмногу во поглед на својата дебелина. Располагаме со различни дебелини на фолии (4, 7, 11 и 15 mil). Сигурносните фолии се оптички чисти, прилагодувајки се на особините на стаклото, не ја искривуваат сликата, а постојат и во боја, со термо-изолација, како и со ефект на огледало, а може да се монтираат и на стакла кај автомобилите. Нашите сигурносни фолии располагаат со сите можни и потребни оценки за квалитет во однос на најбараните постоечки технолошки стандарди (ANSI, BS, DIN, EN). Вооружените сили на многу земји, како и дипломатските и конзуларните представништа, како и меѓународни организации како Обединетите Нации и Европската Унија со својте ограноци, се определија за избор на LLumar сигурносните фолии, токму заради врвната заштита што тие ја пружаат. Секоја сигурносна фолија, што се однесува на оваа гранка од индустријата, содржи најјак и најтраен заштитен слој против гребење, што обезбедува можност за чистење на стаклото со примена на било кој традиционален начин, а да притоа фолијата не се оштети. Нагласуваме дека секоја фолија содржи заштитен слој за филтрирање на УВ зраците, со што е овозможено филтрирање на дури 99,9% од ултра-виолетовите зраци, а со тоа во значителна мерка се намалува опасноста од избледување преку застаклени површини.
|