


|
|
LLumar декоративните фолии може извонредно успешно да се применат при преуредување на канцелариски простор, разубавување на ентериерот во ресторани, при креирање на уникатен деловен простор, за подобрување на изгледот на хотелски соби. Мат фолиите во голема мерка пропуштаат сончева светлина, а истовремено оневозможуваат поглед во внатрешноста на просторијата, што е идеално решение за нашиот стан или канцеларија, бидејќи гледано од надвот прозорите стануваат непровидни. LLumar декоративните фолии оставаат впечаток сличен на резбано (нагризено) стакло, а цената им е значително пониска од таква врста на стакло. Кај нашите декоративни фолии е нагласена кративноста и флексибилноста.
Нашите квалификувани стручњаци, оспособени низ пракса, рачно или со помош на плотер може да Ви креираат било каков лого или мустра, која е уникатна и пружа единствена слика на застаклените површини кај прозорите, вратите или параваните.
Покрај тоа што примероците од резбано стакло може да имаат своја примена во широка употреба, како и што предизвикуваат внимание, нивното вградување и одржување е прилично компликувано. Потоа, да се направат промени кај нив е скоро невозможно, а и чистењето може да представува прблем. За разлика од горе наведеното, LLumar декоративните фолии можете било кога да ги одстраните или да извршите нивна замена, додека по изглед се многу слични на резбаното стакло.
Оваа флексибилност може добро да се искористи кај изнајмени канцелариски простории или други деловни простории, каде со тек на време логото или целокупниот изглед може да се променат. LLumar декоративните фолии Ви стојат на располагање во разновидни бои и примероци, на пример: со пруги, со ширити, мрежести, точкести, црвени, жолти, зелени, сини, бронзено-црни, мат-црни, сребрени и бронзени. Со комбинација на наведените бои, може да се креира било која нова боја.
|