



|
|
Благодарејќи на сопствената производствена технологија и стекнатото искуство во процесот на производство, CPFilms е во можност да произведе, по сегашните важечки стандарди, најквалитетни рефлектирачки фолии во светот. Прилагодувајќи се кон географските карактеристики и нивната разноликост, LLumar фолиите се специфични по своето појавување и особините. LLumar фолиите за рамни стакла, може да се монтираат на веќе вградени стакла и прозори, со што се постигнува економично решение за проблемите кои може да произлезат при употреба на традиционалното стакло. Рефлектирачките фолии пружаат заштита од сончевата енергија и зраците, филтрирајки го штетното влијание од топлината на сончевите зраци, како и нивното заслепувачко дејство, а воедно ја пропуштаат светлината и овозможуваат јасен вид. Покрај наведените карактеристики, во просториите од зградата ќе биде посвежо, што им обезбедува на вработените подобри работни услови за постигнување на оптимални резултати. Со помош и примена на рефлектирачки фолии, во значителна мерка се постигнува намалување на собната температура, а анулирањето на заслепувачкото дејство на сончевите зраци во голема мера може да допринесе за исполнување на Европската директива (EK) во поглед за уреди со екран. LLumar рефлектирачките фолии се произведени со примена на специјална постапка која обезбедува да и после повеќегодишна употреба не се познаваат било какви знаци на промена што се однесува на квалитетот ни во нивниот надворешен изглед, како ни во поглед на веќе споменатите карактеристики на предметните фолии.
Рефлектирачките фолии се припремаат со примена на ткн. "
постапка
со пареа", при чија примена микро-тенок, делимично провиден метален слој се нанесува на полиестерска фолија. CPFilms поседува технологија за правење легури со постапка на боење, па поради таа причина може да се користат во градежништвото, како и во разни други сфери на дејност. Благодарејки на особините кои ги поседува, од сите LLumar фолии, рефлектирачките пружаат најголем степен на заштита против топлината од сончевите зраци. Во нашата понуда можете да го пронајдете она што ви е на Вас потребно: за ентериер, или екстериер.
Неколку рефлектирачки фолии, како и V -серијата, содржат исклучително преку LLumar фолиите применет CDV слој на лепило. Споменатото лепило создава молекуларна врска помеѓу фолијата и стаклото, што резултира со совршена оптичка слика, и подолг век на траење во однос на обичните слоеви лепило. Нашите рефлектирачки фолии поседуваат најсилен и најтраен слој против гребење, кој овозможува примена на традиционален начин на чистење – одржување на стаклото, без оштетување на фолијата. Понатака, секоја фолија поседува заштитен слој против УВ зраците, со кој се филтрираат дури до 99,9% од УВ зраците, со што во значителна мерка се намалува опасноста од избледување преку стаклото. |