





|
|
CPFilms се смета за пиоинер на пазарот за фолии за рамни стаклени површини, со што поставува прилично високи стандарди за квалитет кон другите производители. Сите наши производи се изработуваат во Англија, односно во Соединетите Американски Држави и тоа со примена на најстроги производни критериуми, со што во текот на секоја година би ги исполниле најстрогите мерила и стандарди кои ги бара поседувањето на цертификатот ISO-9001. CPFilms е единствен производител на фолии во светот, кој во рамките на сопствените капацитети изработува готов призвод – фолии. За изработка на готов производ (во зависност од типот), производни фази може да бидат следните: боење, ткн. "насипување на металот", нанесување на разни легури, превлекувања, ткн. "ламинирање", и сечење по мерка. Благодарејќи на ваквите производни можности и способности, CPFilms може да произведе било каква фолија, во зависност од потребите на нарачателот.
Огромниот производен капацитет на CPFilms, го обезбедуваат многубројните фабрики распространети ширум целиот свет. Во поголеми количини продаваме готови производи – фолии, или само поедини компоненти, како и сите други производители на фолии за рамни стакла, во својство на член на IWFA (Меѓународно Здружение за Рамно-стаклени Фолии).
Производството на CPFilms се реализира на територија чија површина е поголема од 70.000 метри квадратни, многу од фазите се одвиваат под "clean room" услови, во склад со оценката за квалитет – clean room 10000. CPFilms запослува повеќе од 700 работници ширум светот. Главните производствени капацитети се лоцирани во Martinsville во САД, и во Runcorn во Англија, голем дел од материјалот наменет за европскиот пазар, потекнува од фабриките во Европа. За CPFilms е најважен врвниот квалитет на сопствените производи. Сите фази во производството како и при реализацијата, се одвиваат по строго утврдените стандарди на ISO 9001. Тестирањата започнуваат уште кај пристигнатите сировини, и траат континуирано кај сите производни процеси на територијата на целата фабрика.
Резултат на сето ова е што готовиот производ ги задоволува највисоките критериуми и очекувања во оваа струка. CPFilms вложува големи напори и средства во истражувачко-развојното одделение, било да се работи за решавање на долгорочни или секојдневни проблеми во врска со производот, за поедини фази на производството, или во врска со интелектуалната дејност. Потеклото на фирмата датира од 1950-те години, кога Jules Hermes започнал да се бави со примена на услови и можности слични како кај боење на влакната од теписи, и тоа во градот Martinsville во Вирџинија. Потоа фирмата е преименувана во – Martin Processing, која набргу стекнала реноме по високиот квалитет и иновациите. 1989-та година фирмата Courtaulds ги купила Martin Processing, Gila River Products и други предпријатија кои се бавеле со производство на фолии, и е основана фирмата Courtaulds Performance Films – (сега: CPFilms).
Матичното предпријатие во текот на изминатите децении спровело огромен развој во корист на CPFilms , што на фирмата и овозможило значајни инвестиции, поради што капацитетите, како и стручното знаење и понатаму се зголемувале. Со текот на годините Courtaulds континуирано ги развивал своите производни капацитети со купување на разни машини и уреди: за превлекување, за ткн. "ламинирање", за превлекување со слој против гребење, за производство на силиконски заштитен слој, за ткн. „насипување на металот“, за ткн. "постапка со пареа". На 19 Април 1998 година, фирмата Solutia најави купување на CPFilms, која и денеска функционира како една од независните единици од фирмата.
CPFilms во 1994-та година отвори складиште во рамките на слободната царинска зона во Будимпешта, чија задача е да обезбеди снабдување на другите складишта на CPFilms-LLumar во југоисточна Европа, меѓу кои и снабдување на складиште во Скопје.
Нашата фирма не се бави искључиво со промет-продажба на фолии, туку освен со трговската сфера, се занимава и со пружање на технички услуги, што е единствено во оваа дејност. Целта ни е да нашата екипа која монтира LLumar фолии за рамни стакла, континуирано се усовршува практично и теоретски, поради пружање на најголем степен на квалитет при обавување на работите. |