| |
Во многу случаи не е можно монтирање на фолиите во внатрешноста на просторијата. Причина за тоа може да биде недостапноста на стаклените површини, како и структурата на стаклото, за да се избегне кршење поради температурниот напон. Во случај кога фолијата мора да се монтира на надворешната површина, се препорачува користење на фолии кои се произведани токму за оваа намена. Причина за ова е, што структурата на слоевите кај фолиите кои се користат во внатрешноста, а првенствено УВ заштитата (која ја штити и самата фолија), не одговара за надворешна употреба бидејќи може да се оштети за кратко време (дури и во рок од неколку месеци). Исто така и заштитниот слој против гребење кај фолиите за внатрешна употреба не одговара за надворешна употреба и тоа поради интензитетот на надворешните влијанија, така да се препорачува користење само на оние фолии кои поседуваат заштитен слој против гребење при надворешна употреба.
Во случај на надворешно монтирање, располагаме со повеќе видови /фамилија/ фолии:
Рефлектирачка фолија за надворешност, која поседува специјален заштитен слој против гребење (серија RHE) – RHE, или познати како: производи од серијата “Helios”, поседуваат заштитен слој против гребење за прилики на надворешна употреба. Може подеднакво да се користат на вертикални површини (7 години гаранција), како и на косо-рамни површини (5 години гаранција). Специфичноста на материјалот се гледа во тоа, што надворешниот слој поседува антистатичко дејство, така што валканоста многу потешко се „лепи“ на него, а што не е случај за вообичаените стаклени површини. Резултат од ваквите карактеристики е, да тешко достапните прозори чие одржување е прилично скапо, бараат многу поретко чистење. Издржливоста ја докажува и фактот што и шкртаници нанесени со киселини лесно се бришат, што од било кои други фолии или стаклени површини не е можно да се направи.
Сигурносна фолија за надворешност / графити заштитна фолија (SCL ER PS4) – Безбојна сигурносна фолија за надворешност со дебелина од 100 микрони, освен што служи за значително намалување на штетата при кршење на стаклото, исто така се користи во широк спектар како заштита од графити! Кај излозите, “citylight” – а и други стаклени површини, фолијата го штити стаклото од шкртаници, како и од гребење. Вандалите не се свесни за тоа, бидејќи имаат впечаток деке шкртаат по стаклото а не по фолијата. Фолијата на која е шкртано лесно се вади без било какво оштетување на стаклото, па може да се замени, а трошоците за вадење и монтирање на нова фолија изнесуваат само мал дел од трошоците за замена на скапи и големи стаклени површини (3 години гаранција во случај на монтирање на вертикални површини).
Рефлектирачка фолија за надворешност, без заштитен слој против гребење (серија RR) – Производите од серијата “RR” не поседуваат заштитен слој против гребење (ER), па нивно монтирање се прпорачува на површини кои се лоцирани на поголеми висини, или се наоѓаат на помалку упадливи места. Заради непостоење на (ER) слојот, фолијата лесно може да се изгребе, што мора да се има во предвид при чистење и одржување. Се применуваат и на вертикални и на косо-рамни површини (2 години гаранција).
|