


|
|
Поседувајки единствена технологија со особени карактеристики, кои може да се најдат само кај LLumar фолиите, CPFilms е во можност да произведе најсовремени фолии за заштита против сончевата енергија кои денеска може да се најдат на пазарот.
Нерефлектирачките фолии ја филтрираат топлината од сончевите зраци и нивното заслепувачко дејство, а притоа ја пропуштаат светлината. Со примена на овие фолии, можеме да креираме нов стил на градби на кои времето оставило свој белег, без замена на прозорите, а само за мал дел од цената која би била потребна за таа промена, како и без привремени селидби на станарите или вработените во зградата.
Нерефлектирачките фолии на постарите градби им пружаат топлотна и светлосна заштита, при што не даваат рефлектирачки изглед на зградата.
Благодарејки на посебна и специјална постапка ткн. „насипување на металот“, која ги карактеризира фолиите од N-серијата, поради извонредните карактеристики на металот и за производство на LLumar фолиите посебно применети легури кои се нанесуваат на фолијата, во значителна мерка ја задржуваат стабилноста на боите, им се продолжува векот на траење и се подобруваат карактеристиките.
Производите на LLumar имаат заштитен слој против гребење, измислен и заштитен од страна на CPFilms. Во индустриското производство на фолии, токму споменатиот, кристално чист заштитен слој против гребење е најтраен и најотпорен, што обезбедува можност за чистење на прозорите со примена на било кој традиционален начин. Постојат и одредени видови на фолии за екстериер, кои во себе содржат специјален заштитен слој (ER) – за екстериери.
Нагласуваме дека секоја фолија содржи заштитен слој за филтрирање на УВ зраците, со што е овозможено филтрирање на дури 99,9% од ултра-виолетовите зраци, а со тоа во значителна мерка се намалува опасноста од избледување преку застаклени површини. |